– Попладнево се извршени нови рации во врска со истрагата поврзана со наводите за корупција, вклучително и во Европскиот парламент во Стразбур, соопшти Белгиското обвинителство.
Целта на претресот во Европскиот законодавен дом беше собирање податоци, се вели во соопштението.
Извршени се вкупно 20 претреси, од кои 19 во приватни домови. Извршени се одредени претреси во Италија.
При претреси на три различни места запленети се неколку стотици илјади евра.
„Шестотини илјади евра се пронајдени во домот на осомничен во истрагата, неколку стотици илјади евра во куфер во хотелска соба во Брисел и околу 150 илјади евра во стан на член на Европскиот парламент“, се појаснува во соопштението.
Четири лица, меѓу кои и потпретседателската на Европскиот парламент Ева Кајл, се во притвор под обвинение за учество во криминална организација, перење пари и за корупција.
Осомничените в среда треба да се појават пред судија, се вели во соопштението за медиумите.
Следете не, не има насекаде