Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Дојави за поставени бомби утрово пристигнаа до МНР, Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.
До СВР Скопје, денеска околу 09:30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Дојава за бомба денеска околу 08:20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци каде, како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Извор/ФОТО: МИА