мај 4, 2026

Невообичаена спасувачка операција се одвива во центарот на Скопје, во близина на зградата на Министерството за одбрана, објави Телма.

Полицијата бркала да фати осомничен, но тој успеал да “се засолни” пред потерата и да се качи на дрво покрај улицата.

Полицајците го забележале, но бегалецот останал качен на дрвото. Била повикана пожарна и итна помош, со идеја да се надува душек и бегалецот да скокне на него.

Но, немало доволно простор за душекот поради што се бара ново решение за спасувачката драма и завршување на полициската потера.

ПОСЛЕДНА ИНФОРМАЦИЈА: Околу 18:15 часот, лицето е симнато и преземено од полицијата по што од местото си заминаа и полициските и возилото на Итна помош.

The post Бегал од полиција и се качил на дрво, па пожарна и итните служби го спасуваат appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK