мај 4, 2026

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се огласи преку објава на социјалните мрежи појаснувајќи дека е во приватна посета во Косово, откако се прошири информација дека тој избегал од Македонија.

Груби побара од јавноста да не се создаваат шпекулации околу неговото патување.

– Патував во приватна посета, ве молам немојте да измислувате и шпекулирате, истакна Груби додавајќи дека патувал со неговите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано неговото лично полициско обезбедување.

Тој најави дека по извршување на обврските ќе се врати дома кај своето семејство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK