мај 4, 2026

Вчера во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(54) од Битола, удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди на местото починал сопатникот М.К.(80) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

The post Битолчанец со возилото удрил во бетонски столб, почина сопатникот appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK