декември 20, 2024

Бизарна сообраќајна несреќа се случила доцна попладнево – автобус удрил во стадо крави кое слободно се движело на автопатот Скопје-Тетово, објави ТВ21.

 

Засега нема информации за повредени луѓе во несреќата. Таа предизвикала застој во сообраќајот и долги колони од возила на автопатот вечерва. На снимката на ТВ21 може да се видат скршеното ветробранско стакло на автобусот, една крава која лежи на коловозот, очигледно повредена, како и крави кои не го преживеале судирот.

АМСМ вечерва извести дека сообраќајот се пренасочува по стариот пат Скопје-Тетово поради сообраќајната несреќа.

Во изминатите месеци, граѓани неколкупати предупредуваа на социјалните мрежи дека домашни животни се пуштаат слободно да се движат на автопатот меѓу Скопје и Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK