декември 20, 2024

Наместо донација за болно лице, тетовчанка добила брз кредит.

Во СВР Тетово вчера во 15 часот, 28-годишна жена од тетовско село пријавила дека едно лице се обидело да ја измами. Лицето ја контактирало на социјална мрежа и се понудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работен однос.

Набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација. Кога отишле во банка им кажале дека парите кои им биле пуштени на сметка потекнуваат од брз кредит на нејзино име, по што веднаш е реагирано и парите биле вратени на испраќачот.

Вакви измами имаше многу во минатото. Иако пролетва медиумите пишуваа дека со новиот правилник на Министерството за финансии, веќе нема да се даваат вакви кредити „на слепо“ само со лична карта која може да е украдена или изгубена, сепак овој пример покажува дека во пракса злоупотребите си продолжуваат.

Беше најавено дека ќе има строга проверка пред да се одобри кредитот, но луѓето биле затечени дека со нивни податоци е земен брз кредит.

The post Измамниците не бираат начин: Тетовчанка барала донација за болно лице, а добила брз кредит appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK