Откако ја нападнаа дека е дебела и напишаа дека повеќе не е доволно привлечна, Сидни Свини објави клипови од нејзините тренинзи, а сега отиде чекор понатаму и им одговори на хејтерите – со топлес фотографии.
Една од најубавите актерки во светот со своите 23 милиони следбеници на Инстаграм сподели фотографии на кои позира на покривот на зграда во Њујорк. 27-годишната актерка позираше во кардиган под кој не носеше ништо, а комбинацијата ја комплетираше со фармерки.
„Дожду, дожду оди си“, напишала Свини, а заедно со фотографиите споделила и видео со кое го запалила интернетот. Нејзината објава за помалку од 24 часа собра повеќе од 3,2 милиони лајкови, како и бројни коментари.
„Ти си убава“, „Најжешката жена на светот“, „Повторно го скрши интернетот“, „Леле“, „Кралицата Сидни против хејтерите“ и „Замолчи ги хејтерите“ се само дел од коментарите, а објавата и се допадна и на Парис Хилтон.
The post Откако ја нападнаа дека е дебела, познатата актерка на хејтерите им одговори со 18+ фотографија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде