Актерката Џенифер Анистон (55) неодамна на Инстаграм објави видео во кое еден детаљ го украде вниманието. Таа беше снимена во бањата додека го промовираше својот козметички бренд, а она што сите го забележаа е луксузниот туш во позадина.
За него пишуваа и странски медиуми. Според Дејли Мејл, актерката има туш со пареа во нејзината бања, кој чини околу 25.000 долари. Тушот е целосно затворен за да ја задржува пареата и има вграден простор за седење.
Ова не е првпат нејзините обожаватели да видат дел од нејзиниот луксуз. На интернет повторно почна да се шири нејзиното видео од 2022 година, на кое покрај скап туш во бањата, на подот може да се забележи и ориентален тепих.
За потсетување, Џенифер го купила својот дом во 2018 година и наводно платила 21 милион долари за него. Вилата се простира на речиси 800 метри квадратни и има четири спални соби, шест бањи, винарска визба, базен и куќа за гости.
The post (Видео) Се зборува за бањата на Џенифер Анистон: нејзиниот туш чини 25.000 долари appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде