Nokia 360 Camera нуди 8K видео пренос со опкружувачки звук и робустен дизајн кој овозможува користење на камерата во различни услови.
Nokia повторно влегува на пазарот на професионални камери со воведувањето на првата индустриска 5G камера со можност за снимање од 360 степени. Тоа е, имено, камера наречена Nokia 360 Camera, која може да проследува видео во живо 8K со сараунд звук, користејќи врски со мала латентност, вклучувајќи 5G, Wi-Fi или поврзување преку етернет.
Како што истакнува самиот производител, Nokia 360 Camera првенствено е наменета за индустриски корисници. Верзијата со 5G поврзување се издвојува по својата издржливост, прилагодена е на екстремни температури и има IP67 сертификат за отпорност на вода и прашина, како и отпорност на удари. Камерата е опремена и со напредни системи за сајбер безбедност за да се обезбеди сигурност и заштита на податоците.
Уредот е дизајниран да работи со софтверот на Nokia eXtended Real-time Multimedia (RXRM), кој овозможува различни апликации, истовремено поддржувајќи видео 360°, 3D OZO Audio и нуди проширена аналитика и можности за создавање проширена реалност.
„Nokia RXRM им овозможува на индустриските корисници да ги подобрат деловните процеси, со заштеда на трошоци од поддршка на производи до операции на терен. Додавањето на индустриска камера со 5G на RXRM сега обезбедува целосно решение за далечински апликации во реално време, како што се свесноста за ситуацијата, далечинско следење , телеоперација и спортски и забавни настани на стадионите“, изјави Сами Ранта, генерален менаџер на RXRM во Nokia.
Nokia 360 Camera веќе е имплементирана во истражувачки и оперативни активности во најдлабокиот рудник во Европа – Пихасалми во Финска, каде што се користи за истражување и развој и обука на далечина, во соработка со финската компанија Callio Pihajarvi.
The post ВИДЕО: Nokia ја претстави првата 5G камера во светот која може да го направи ова appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде