Основното јавно обвинителство Кавадарци соопшти дека се преземени дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.
„Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.
Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација“, се вели во соопштението на обвинителството.
Од ОЈО Кавадарци велат дека ќе се проверат сите наоди и информации и настанот ќе биде целосно проверен.
The post ОЈО Кавадарци ќе испитува како починал 64-годишниот скопјанец пронајден во водите на Црна Река appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде