Прoдолжува акцијата на МВР и БЈБ во Арачиново за откривање и оружје и експолизвни направи. Покрај досегашната заплена на милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети, во Арачиново најдени се и 14 гранати 40мм и две калапчиња од 200гр ТНТ.
Групирањата и прегрупирањата, според полициските информации за групата Беланоца-Барон, почнале од 2021 година, кога настанало спојувањето на криминалните банди. Во хиерархиски организираниот клан, точно се знаело кој убива, кој купува возила, кој следи луѓе.
Како групата растела и моќно зајакнувала, се создавале нови кланови кои имале за функција да спроведуваат класичен рекет на обложувалници, дуќани.
Оние кои немале да прифатат „обезбедување“, својот објект следниот ден го наоѓале запален и пораката била јасна, месечен данок за мир во соседството.
The post Во Арачиново МВР и БЈБ најдоа 14 гранати 40мм и две калапчиња од 200гр ТНТ appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде