декември 22, 2024

81-годишна жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена за сума од 1.709.090 денари, информира Министерството за внатрешни работи.

“Според пријавеното, на 18.12.2024 околу 08.45 часот, едно лице ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и за да не одговара пред законот требало да плати одреден износ на пари. Откако ги дала парите, жената сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка им дала речиси 2 милиони денари на измамници кои ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK