декември 22, 2024

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Х.(25) од Република Хрватска поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 15.12.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „сеат леон“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, а при легитимирање било констатирано дека тој во државата престојувал без пријавен престој.

Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

The post Кај лице од Хрватска била пронајдена и одземена марихуана во Тетово appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK