декември 22, 2024

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше еден од хероите на големата победа во Барселона во 19. коло од Ла Лига. Со овој триумф Атлетико ја презеде лидерската позиција на табелата. .

Атлетико Мадрид славеше по пресврт и гол постигнат во шестата минута од судиското надополнување на резервистот Александер Серлот.

Ова беше прва победа на Облак на гости кај Барселона откако почна да игра за Атлетико, поради што е особено среќен.

„Од кога сум тука, никогаш не сум победил во Барселона. Конечно успеавме да го направиме тоа. Тежок натпревар, но успеавме да освоиме три бода, само да продолжиме вака“, изјави Словенецот по натпреварот во кој имаше неколку брилијантни интервенцииаправи неколку интервенции. Словенецот беше мирен, авторитетен и го спаси својот тим во критичните моменти.

„Страдавме многу, почнавме лошо и со страв кој никој не го разбира. Бевме навистина лоши, но издржавме се и знаевме дека ќе дојдат нашите шанси. По 1:0 се боревме и на крајот успеавме да победиме со голот на Серлот.“

Тој посебно го пофали стрелецот на победничкиот гол, кој мечот го започна од клупата за резерви.

„Серлот мораше да влезе од клупата како резерва за да победиме. Не е лесно да се направи тоа. Но, тој ја врши работата секогаш кога ќе влезе од клупата. Тој е напаѓачот што ни треба, тој постигнува голови”.

Трката за титулата сега има нов лидер, Атлетико Мадрид.

„Шампионатот е долг. Овој натпревар не е клучен. Тоа се само три бода и имаме уште многу да играме. Важен триумф, но до нас има големи екипи. Одиме од натпревар во натпревар. Пред месец и половина бевме далеку од врвот.Се надевам дека ќе останеме во оваа зона и нема да се лизнеме“.

Share

The post Јан Облак: Ова прв пат ми се случи во кариерата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK