Motorola Razr 50D е достапен во Јапонија од 19 декември, а како што најави јапонскиот мобилен оператор NTT DOCOMO, е сличен на моделот Motorola Razr 50.
Овој телефон доаѓа со 6,9-инчен FHD+ POLED внатрешен дисплеј кој е опремен со Corning Gorilla Glass Victus. Надворешниот екран е со дијагонала од 3,6 инчи, а има и батерија од 4.000 mAh, што е за нијанса помала од онаа во Razr 50 (4.200 mAh).
Главната камера од 50 MP ќе ги воодушеви љубителите на фотографијата, додека секундарната е со резолуција од 13 MP. Предната камера има 32 MP.
Телефонот доаѓа со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, со поддршка за безжично полнење, отпорност на IPX8, звук со Hi-Res, стерео звучници и Dolby Atmos за мултимедија.
Што се однесува до дизајнот, Motorola Razr 50D има димензии 171 mm x 74 mm x 7,3 mm и тежи само 187 грама, што е доста практично за телефон што се витка. Неговата цена ќе биде околу 750 евра.
The post Јапонците добиваат уште еден телефон на преклоп што го нема кај нас appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде