декември 23, 2024

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски.

Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, пренесе Франс прес.
Трамп рече дека сака да го запре „трансродовиот делириум“ во САД на првиот ден од неговата инаугурација – 20 јануари.

„Ќе ставам крај на сексуалното осакатување на децата и ќе ги исклучам трансродовите луѓе од војската и од училиштата“, побара новоизбраниот претседател.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK