декември 23, 2024

Во рамки на 12. издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, вечер во Кинотека ќе се одржи панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, проекција на документарниот филм „Зeмја за нас“ и разговор со режисерката Карла Црнчевиќ. Настанот е бесплатен.

Како што е најавено, говорници на панел дискусијата ќе бидат Вики Младенова, Здравко Савески и Ленче Деспотоска, а модераторка е Андријана Папиќ Манчева.

По панел дискусијата, во 19 часот, ќе следува проекцијата на документарниот филм „Земја за нас“ во режија на Карла Црнчевиќ. По проекцијата на филмот, ќе следи разговор со авторката на филмот Карла Црнчевиќ, кој ќе го води Ѓорѓи Пулевски.

Овој настан е поддржан од Equality Fund.

The post Проекција на филмот „Зeмја за нас“ и панел дискусија во рамки на 12. фестивал „Прво па женско“ appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK