декември 23, 2024

Скаути на три англски екиши, во петокот биле во Минхен на натпреварот меѓу Баерн и Лајпциг. Скаутите го следел напаѓачот на Лајпциг, Бенјамин Шешко.

Словенечкиот интернационалец успеа да постигне гол во втората минута, но не му помогна на тимот да избегне убедлив пораз (1:5).

Специјализираните фудбалски портали пренесуваат дека скаут ина Јунајтед, Сити и Арсенал, во петокот во Минхен го гледале Шешко.

Шешко долго време е на мета на англиските клубови, финансиски најмоќните во светот, па лесно може да се погоди во која насока ќе оди неговата кариера.

Прашање е само кој англиски клуб ќе победи во трката за потписот на Словенецот.

Секој што сака да го направи тоа ќе мора да издвои меѓу 70 и 75 милиони евра, колку што бара Лајпциг.

Јунајтед, како и Сити, минува низ тежок период во последните неколку недели, на кој не му се гледа крајот, па оттука и потребата да се најде голгетер од врвна класа како решение за лошите резултати. Од друга страна, Арсенал е во врвот, ќе се бори за титулата, но тимот на Артета има проблем со реализицијата

Како и да заврши оваа трансфер сага, кој на крајот ќе ја добие битката за Шешко ќе добие потенцијална машина за голови и моќен адут во офанзивната линија.

Share

The post Јунајтед, Сити и Арсенал во трка за потписот на Шешко appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK