декември 23, 2024

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) оствари средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за можноста за укинување на бесплатниот превоз за студентите во главниот град.

– За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средства што ќе се релоцираат за таа цел. Со оваа мерка ќе го задолжи Министерството за образование и наука да префрли средства за бесплатен превоз за студентите предвидени на конто за студентски стандард согласно Буџетот за 2025 година, се вели во соопштението.

Универзитетското студентско собрание испраќа јавен апел до Владата и до МОН да ја донесат потребната одлука на седницата на Влада на 24 декември 2024 година со цел, како што наведуваат, ЈСП „Скопје“ да може да го продолжи бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Од УСС-УКИМ потенцираат дека остануваат во борбата за заштита и подобрување на студентскиот стандард

The post Студентите бараат од Владата и МОН да им го продолжат бесплатниот превоз во 2025 година appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK