декември 24, 2024

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид.

На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, гостите од Турција го изразија својот восхит од убавините на Охрид и гостопримливоста на охриѓани.
Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за начинот на функционирање и ингеренциите на локалнта власт, а стана збор и за процесот на децентрализација на власта по чие целосно завршување под капа на општината би биле неколку културни институции, примарното здравство и полиција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK