Легендата на Валенсија, Рубен Бараја, доби отказо по серијата лоши резултати во првенството. Бараха, во февруари минатата година го презеде тимот од „Местаља“.
Челниците на клубот ја донесоа одлуката по верашното реми со Алавес 2:2. Валенсија се наоѓа на делба на последната позиција во лигата со само 12 бодови.
Валенсија оваа сезона во првенството има само две победи во 17 натпревари.
Бараха во текот на својата кариера го носеше дресот на Валенсија од 2000 до 2010 година, а за шпанската репрезентација забележа 43 настапи и постигна седум гола.
Пред Валенсија, 49-годишниот тренер ги тренираше шпанските клубови Елче, Рајо Ваљекано, Спортинг Хихон, Тенерифе и Сарагоса.
Член на Валенсија е Столе Димитроевски, кој минатото лето како слободен играч пристигна во тимот. Но биејќи во клубот остана Георги Мамардашвили, Димтиревски бранеше само во Купот, додека првиот настап во Примера го имаше на вчерашниот натпревар со Алавес.
The post Валенсија го отпушти Бараха, Димитриевски ќе добие нов тренер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде