декември 27, 2024

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за расчистување на неколку обемни диви депонии во скопските општини Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром.

Отстранета е обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ каде што се подигнати приближно 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина.
Интервенирано е и во населбата Трнодол, во општината Карпош, каде што се расчистени 10 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и отпад од картонски пакувања, како и на булеварот Партизански одреди, во близина на поштата во општината Ѓорче Петров, каде што е отстранет кабаст отпад и неколку автомобилски гуми одложени на тревна површина.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и на улиците Коста Новаковиќ и Анастас Митрев во скопската општина Аеродром, во чиишто рамки се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

The post Остранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Аеродором и Ѓорче Петров appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK