Компанијата Asus активно работи на развојот на својот прв хуманоиден робот, кој ќе биде конкурент на Optimus на Tesla.
Џон Ши, претседателот на Asus, вели дека во овој гигант веќе се во „полн замав“ во развојот на нивниот прв хуманоиден робот.
Тој робот треба да се натпреварува со она што го развива Елон Маск – роботот Tesla Optimus, за кој во последно време кружат се повеќе информации.
„Веќе сме во полн замав во овој сегмент и започнавме внатрешни планови“, нагласи неодамна Ши
Asus веќе има свои Zenbo роботи и се чини дека компанијата сега сака да се впушти во нова авантура со хуманоидни роботи за да им парира на моделите Optimus.
Голем број компании се одлучуваат да влезат во светот на роботиката, а бидејќи иднината на хуманоидните роботи е тука, сакале или не, останува да видиме како Asus ќе се снајде на тоа поле.
The post Уште еден ИТ гигант го подготвува својот хуманоиден робот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде