јануари 1, 2025

Фудбалерите на Јувентус ремизираа со Фиорентина во Торино 2:2, во рамките на 18. коло од Серија А.

Јувентус од самиот старт имаше иницијатива и успеа да поведе во 20. минута. Голот го постигна Кипрен Тирам на асистенција на Мануел Локатели.

Сепак, до крајот на првото полувреме, во 38. минута Фиорентина успеа да израмни. Мојс Кин постигна гол по додавањето на Јакин Адли.

Тоа беше 11. гол за италијанскиот напаѓач во Серија А оваа сезона

На стартот од вториот дел Јувентус повторно поведе, а Турам уште еднаш се запиша во листата на стрелците.

Тимот од Торино ја контролираше играта, но во 87. минутагрешка на Камбијасо, топката некако дојде до Сотил кој ја закова по гредата.

До крајот немаше промена во резултатот и двата тима освоија по еден бод. Фиорентина е на петтото место со 32 бода, додека Јувентус е шести со исто толку бодови.

Ова беше 11-то реми оваа сезона за тимот од Торино, кој се уште нема пораз.

Во новата година Фиорентина ќе го пречека Наполи, додека Јувентус му гостува на градскиот ривал Торино.

Share

The post (Видео) Фиорентина освои бод кај Јувентус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK