Се појавија информации за тоа колку тенок би можел да биде претстојниот телефон на Samsung Galaxy S25 Slim.

Неодамна се појави скриншот од протечена покана за настанот Samsung Unpacked, при кој се очекува да биде претставена новата серија на телефони Galaxy S25.

Настанот кој се одржува на крајот на јануари треба да ни даде подобар поглед на четирите нови телефони од јужнокорејскиот гигант. Така, покрај моделите S25, S25+ и S25 Ultra, се очекува и Galaxy S25 Slim.

Се верува дека Galaxy S25 Slim е одговорот на Samsung за Apple iPhone 17 Air, кој исто така се очекува некаде оваа година.

Како што се повеќе слушаме за постоењето на моделот S25 Slim, се поставува прашањето колку навистина ќе биде тенок. Дојавувачот од Кина – Ice Universe ни дава подобар увид во тој детал.

Како што тврди Ice Universe, Galaxy S25 Slim треба да биде тенок 6,x милиметри. Тоа значи дека дефинитивно ќе биде потенок од седум милиметри, но нема точни димензии.

Доколку ова се оствари, Apple дефинитивно ќе го има најтенкиот премиум телефон, бидејќи најновите гласини сугерираат дека iPhone 17 Air ќе има дебелина помеѓу 5 и 6 мм.