јануари 4, 2025

Во овој период од годината, многумина избираат потемни бои на лакови за нокти. Можеби тоа е поради тмурното време, а можеби и поради потемната гардероба која е карактеристична за овој период од годината, но несомнено е дека потемните нијанси владеат со маникирот од ноември до пролет.

Најчесто можеме да видиме темноцрвени и чоколадно кафени нијанси, но една боја се издвојува како особено барана сезонава, а тоа е темно шумско зелената.

Оваа боја станува се попопуларна бидејќи на ноктите изгледа неверојатно луксузно.

Одлично оди и со зимската палета на бои, внесувајќи нешто ново и возбудливо во вашите секојдневни модни комбинации, а особено убаво изгледа со црна боја.

Жените кои се заљубиле во оваа прекрасна нијанса со задоволство ја прикажуваат на социјалните мрежи во различни варијанти.

Share

The post (Видео) Луксузниот маникир станува сè попопуларен, а толку лесно се постигнува appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK