јануари 4, 2025

Мирна новогодишна ноќ во Струга и струшко, без нарушувања на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода во населбата Теферич со повредено лице.

Сообраќајната незгода, како што информира за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила во 3 часот и 40 минути, на локалниот пат во струшката населба Теферич.

– Патничко возило „ауди“ излетало од патот, при што возачот Р.О. (27) се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Н.М. со телесни повреди констатирани во Специјалмата болница „Свети Еразмо“ во Охрид, изјави Димоски.

Причините за незгодата биле неприлагодена брзина според условите на патот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK