Секоја година за дочек на Нова година белградските плоштади се преполни со луѓе, но овојпат тоа не беше случај, според медиумите во регионот.
Таму синоќа настапија Жељко Васиќ, Марина Вишковиќ и Харис Џиновиќ, но публика речиси и да немаше, според написите.
Na Trgu Republike peva Haris Džinović, publike jako malo.
Nije se obrukao Beograd. pic.twitter.com/XHweyPx7oI— Biljana Stepanovic (@BiljkaSt) December 31, 2024
Социјалните мрежи беа преполни со снимки од белградските плоштади. „Има повеќе мобилни тоалети отколку публика“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Харис беше напуштен од неговата сопруга и напуштен од публиката. Се со причина“.
Инаку, на полноќ студентите застанаа и 15 минути молчеа во чест на жртвите во Нови Сад под настрешницата, но Харис продолжи да пее.
Tišina. Samo Haris iz daljine leleče pic.twitter.com/UCKcmX1Jyc
— Janko Baljak (@JankoBaljak) December 31, 2024
Еден корисник на социјалната мрежа Х потоа напиша: „Реално, Харис можеше да престане да пее на тие 15 минути. Ништо на тој мизерен, слабо посетен, пијан концерт немаше да се смени во тие 15 минути“, стои напишано на Х.
The post (Видео) Граѓаните на Белград му се налутија на Харис Џиновиќ, се шират снимки од неговиот концерт без публика appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде