Големите проблеми на фудбалскиот клуб Барселона продолжуваат и во новата 2025 година.
Барселона не го испочитува рокот 23:59 часот на 31 декември 2024 година, за исполнување на условите за регистрација на играчи, порафи што картичките со имињата Дани Олмо и Пау Виктор и броевите 20 и 18 повеќе не се на официјалната веб-страница на Ла Лига. Таму се вратени податоците на Андреас Кристенсен.
Картичката му беше отстранета во август поради тешка повреда. Благодарение на ова, Барселона успеа да го регистрира Олмо и тој се стекна со право на настап од третото коло.
Сега Данецот се опорави, а бидејќи Барселона не ги исполни условите предвидени со правилата за финансиски фер-плеј, враќањето на Кристенсен кај пријавените играчи значи дека Олмо повеќе не е меѓу нив.
Ограничувањето на платите во буџетот на Барселона, наметнато од Ла Лига, значеше дека Олмо и Виктор не можеа да бидат пријавени за целата сезона, туку тоа беше можно само до 31 декември.
„Ла Лига информира дека од денеска, 31 декември, ФК Барселона нема презентирано никаква алтернатива која, во согласност со прописите за економска контрола на Ла Лига, би дозволила регистрација на кој било играч од 2 јануари“, објави вчера Ла Лига.
Барселона синоќа одговори со соопштение: „ФК Барселона информира дека побарала нова лиценца од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) за играчите Даниел Олмо и Пау Виктор. Исто така, клубот негира дека побарал или добил некаков мораториум. од кој било друг орган за бараната регистрација“.
Барса сè уште чека одговор на барањето на претседателот Џоан Лапорта да ги почитува правилата на Ла Лига со продажба на ВИП ложите на реновираниот „Камп Ноу“ и на тој начин да ги обезбеди условите за регистрација на Олмо и Виктор.
Иако Олмо од денеска може да го напушти клубот доколку не биде пријавен, тој не сака да ја напушти Барселона.
The post Олмо и Виктор официјално се отстранети од тимот на Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде