Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, кое според исказ од роднини, го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче. Синоќа возилото беше извадено заедно со три мртви тела на женски лица.
За сообраќајната несреќа во СВР Скопје било пријавено вчера во 16 часот.
„Во 18 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ известени сме дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото ‘ауди’, во кое биле пронајдени три починати лица“, соопшти МВР.
Следете не, не има насекаде