
Откако новинарката на американскиот Huffpost забележала дека нејзините денови главно се вртат околу работата, решила да направи промена и ги разубави неделите со само една нова навика.
Во зрелоста, деновите можат многу брзо да станат монотони. И монотоните денови се претвораат во монотони недели, а неделите во месеци и години. Како да го земете животот во свои раце и да го прекинете циклусот на досада?
Така се запрашала новинарката на Хафпост, Џилијан Вилсон кога забележала дека поголемиот дел од нејзините денови се врти околу работата и дека не прави ништо особено интересно.
Решила да направи промена и сфатила дека со само една нова навика значително ја разубавила целата работна недела. „Оваа навика стана разлика помеѓу здодевната недела и забавната, дури и пријатна работна недела“, напиша таа.
И каква навика е тоа? Најмалку еднаш неделно, Вилсон резервира вечер за дружење и активности со пријателите. Еднаш ќе се сретнат на пијачка, друг пат одат на прошетка, трет пат на танцување…
Американската терапевтка Даница Харис исто така вели дека поминувањето време со пријателите може да биде идеален рецепт за разбивање на монотонијата. „Кога поминуваме време со други луѓе, особено со оние кои ни значат, нашето расположение се подобрува“, вели таа.
Следете не, не има насекаде
