април 21, 2026

Унгарија од втората позиција обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет. Унгарците во последното коло го победија Катар со 29:23 (12:12).

Катарците беа тие кои беа подобри во првиот дел, неколку пати имаа предност од три гола, но Унгарците успеаја да обезбедат нерешен резултат на полувремето. Второто полувреме мина во доминација на Унгарците. Одиграа цврсто во одбраната, беа ефикаси во нападот и овој период го добија со шест гола разлика.

Имре со девет, односно Сита и Бока со по четири гола ја предводеа Унгарија.

Групата 2 уште пред ова коло ја освои Франција, Унгарија е втора, Холандија трета. Македонија доколку вечерва приреди сензација и ја победи Франција ќе заврши на третото место.

Пораз помал од девет гола разлика ќе ја остави Македонија на четвртото место и во конечниот пласман нашата репрезентација ќе биде пласирана од 9 до 12 место, а пораз поголем од девет разлика ќе ги смести „црвено-жолтите“ зад Австрија, односно во конечниот пласман ќе бидат пласирани од 13 до 16 место.

Share

The post Унгарија го победи Катар, си обезбеди место во четвртфиналето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK