април 21, 2026

Саботната програма од 19. коло ја отворија пет многу интересни натпревари.

Во дербито Лајпциг и Баер Леверкузен одиграа 2.2.

Лајпциг имаше иницијатива на стартот од натпреварот, но не успеа да создаде ниту една квалитетна шанса. Актуелните шампиони ја дуплираа предноста во 36. минута, кога Алеиш Гарсија погоди на асистенција на Вирц.

Давид Раум намали во 42. минута Лајпциг.

Во 70. минутаголманот на Баер, Лукаш Храдецки го спречи Шешко да го изедначи резултатот.

Оттогаш Баер се реши да ја чека шансата преку контранападире, а особено беше опасен резервистот Фримпонг.

Сепак, Лајпциг успеа да израмни во 84. минута по подолг период на иницијатива.

Чави Симонс упати центаршут од слободен удар кон Баумгартнер, а неговиот чувар Едмонд Тапсоба си постигна автогол за конечни 2:2.

Резултати:

Аугсбург – Хајденхајм 2:1 (1:0)
Мацима 45+1, Шлотербек 90+2 – Мајнка 74

Дортмунд – Вердер Бремен 2:2 (1:0)
Гираси 28, Фрејдл 51г – Битенкур 64, Дукс 72

Фрајбург – Баерн Минхен 1:2 (0:1)
Гунтер 68 – Кејн 15, Ким 54

Мајнц – Штутгарт 2:0 (1:0)
Вејпер 29, Цаци 86

Share

The post (Видео) Баер испушти 0:2 во Лајпциг, Баерн рутински со Фрајбург, нов кикс на Дортмунд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK