април 21, 2026

Кањонот Матка е едно од најпосетените туристички локации во Скопје.

Овде природата пружа неверојатни глетки без разлика кое годишно време е.

Денес (27 јануари) времето беше неочекувано топло, па тоа измами и доста туристи кон Матка.

Иако ги немаше препознатливите пролетни, летни и викенд гужви сепак и во јануари Матка е посетена од туристи.

Меѓу нив најбројни беа оние од странство, конкретно од Република Турција, а имаше и од Босна и Херцеговина.

Дел од нив се возеа возеа низ езерот со бротчињата, некои кајакареа а некои од нив уживаа на сонцето погледот од кафулињата, рестораните и клупите за одмор.

Овој пат и хигиената беше на завидно ниво, но она што со години е огромен минус е лошиот пат до Кањонот кој и покрај бројните апели, се уште не е во целост реконструиран.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK