април 21, 2026

Преполни контејнери кои прераснаа во мали депонии. Грда слика во скопски Центар утрово ги вознемири граѓаните. Поради ѓубрето, не можеле слободно да пешачат по тротоарите, па биле приморени да прерипуваат ќесиња со отпад за да ги поминат критичните точки.

Реагираше општина Центар. Прстот го впери кон Град Скопје, Арсовска барем еднаш да си го исчисти ѓубрето, и порача Герасимовски на скопската градоначалничка.

Прашавме и во Град Скопје, кој треба да ги чисти контејнерите во Центар, одговор не добивме.

Сител тргна во обиколка на Центар. Како и по обичај во државата, прво се реагира, дури потоа се активираат службите. На пладне ѓубрето беше собрано, контејнерите скоро и празни. Две различни ситуации, за разлика од неколку часа. Наидовме на работници кои ги дометуваа површините околу контејнерите.

И додека продолжува институционалната пајажина на надлежности за тоа кој каде треба да чисти, трпат граѓаните – живеат во нездрава животна средина.

Несобирањето на ѓубрето во Скопје, не е новитет. Граѓаните на социјалните мрежи континиурано објавуваат фотографии од неодржување на хигиена и нечисти улици. До кога здравата животна средина ќе биде само мисловна именка за скопјани?

Извор: Сител

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK