април 21, 2026

Пол Погба во март ќе му се врати на фудбалот, откако четиригодишната казна поради позитивен допинг тест беше намалена на 18 месеци.

Францускиот играч за врска беше суспендиран бидејќи беше позитивен на на допинг по натпреварот Удинезе-Јувентус на 20 август 2023 година.

Кога дозна дека четири години нема да може да игра фудбал, Погба сакаше да стави крај на кариерата во која играше само за два клуба, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Англиските медиуми го најавуваат негово враќање и пишуваат дека тоа би можело повторно да се случи во дресот на Јунајтед.

За клубот од Олд Трафорд дебитираше во сезоната 2011/12, потоа како слободен играч се пресели во Јувентус, а во Јунајтед се врати во 2016 година и остана до 2022 година.

Францускиот играч за врска одигра вкупно 233 натпревари за Јунајтед, постигнува 39 гола и забележа 48 асистенции. Неговиот најголем успех со Јунајтед е освојувањето на Лигата на Европа во сезоната 2016/17.

Share

The post Погба повторно во Манчестер јунајтед? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK