септември 19, 2024

„Фактот дека во моментов нема масовни ракетни напади врз Украина укажува дека Русија се подготвува за нив и дека може да нападне во секој момент.“

Ова во понеделникот вечерта го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој во видео обраќање рече дека Украина максимално го обновува енергетскиот систем по секој руски напад, пренесува Укринформ.

Тој оцени дека Русија не се откажала од, како што рече, „терористичката тактика“ и дека се уште се надева дека струјата целосно ќе исчезне во Украина.

„Затоа, додека тие имаат проектили, а Русија сè уште ги има, ве замолувам сериозно да ги сфатите сите предупредувања на украинската воена команда, нашите воздушни сили и предупредувањата за воздушни напади“, рече Зеленски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK