Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека продолжувањето на економската соработка меѓу Германија и Русија е можно доколку Кремљ стави крај на војната во Украина.
Во претходните изјави Шолц рече дека Западот нема да ги укине санкциите воведени кон Русија поради конфликтот во Украина додека Москва не ги повлече своите војници од Украина и не постигне мировен договор со Киев, пренесува Ројтерс.
„Во моментов односите што ги имаме се на најниско ниво, на минимум. Меѓутоа, ако Русија ја заврши војната, треба да и се даде шанса да ја врати економската соработка. Тоа секако не е случај сега“, изјави претходно Шолц. германскиот комитет за економски односи со источна Европа.
Следете не, не има насекаде