април 21, 2026

На 28.01.2025 во 14.35 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А.(28) од Радовиш и М.Е.(40) од Штип, поради сомнение дека на 27.01.2025 извршиле две кривични дела „тешка кражба” во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи.

Исто така, тие се сомничат дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK