април 22, 2026

Реал Мадрид доживеа пораз од Еспањол и остана без Антонио Ридигер. Дефензивецот одигра само 15 минути против Еспањол, теренот го напушти поради повреда на препоните.

Утрово Карло Анчелоти дозна дека следните три недели ќе го составува тимот без Антонио Ридигер.

Германскиот репрезентативец ќе го пропушти градското дерби со Атлетико и дуелите со Манчестер сити во плјеофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ридигер ќе ги пропушти и дуелите против Леганес во Купот на Шпанија и Осасуна во првенството.

Share

The post Реал без Ридигер против Атлетико и Манчестер сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK