Лос Анџелес Лејкерс на својот Инстаграм профил го објавија и потврдија трејдот на Лука Дончиќ од Далас.
Целиот кошаркарски свет го шокира веста дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е трејдуван од Далас во Лејкерс.
Ентони Дејвис тргна во спротивна насока и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс. Сега Лејкерси објавија слика со Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс.
Лука се уште има проблеми со повредата на скочниот зглоб, а откако ќе се рехабилитира ќе ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб.
The post ЛА Лејкерс објавија фотографија на Дончиќ во дресот на Лејкерс appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
