април 22, 2026

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, утре (23 април) со почеток во 20:00 часот ќе одржи средба со жителите од Кукуречани и поранешната кукуречанска општина.

Средбата има за цел директна комуникација со граѓаните, слушање на нивните проблеми, предлози и идеи, како и изнаоѓање конкретни решенија за подобрување на условите за живот во овој дел од општината.

Од Општина Битола информираат дека ваквите средби се дел од континуираните активности за поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки.

Се очекува на средбата да бидат отворени повеќе теми поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги и локалниот развој.

Share

The post Локалните проблеми на маса: Коњановски во Кукуречани на директен дијалог со жителите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK