април 22, 2026

Том Брејди, американскиот фудбалер и поранешен сопруг на Жизел Бундхен, проговори за веста дека манекенката го родила своето трето дете.

Како што пренесува „Пејџ Сикс“, извор близок до Брејди рекол дека Том е среќен за својата поранешна сопруга и и посакува се најдобро. Според друг извор, Брејди дури и ја контактирал Жизел за да и честита.

За потсетување, ова е прво дете на бразилската манекенка со Хоаким Валенте. Според странските медиуми, мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето се уште не и се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче.

Бундхен и Брејди се разведоа во 2022 година по 13 години брак. Заедно имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (12).

Share

The post Поранешниот сопруг на Жизел Бундхен реагираше на раѓањето на нејзиното трето дете appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK