април 22, 2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против две лица од Делчево, на возраст од 49 и 38 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „вонбрачен живот со дете“, казниво според член 197 став 2 од Кривичниот законик.

Како што информираат надлежните, пријавените, како родители, во периодот од септември 2023 година ѝ дозволиле на нивната малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со 27-годишен маж од струмичко село. Во тој период, малолетничката родила и дете.

Против 27-годишникот е поднесена кривична пријава за „вонбрачен живот со дете“ согласно член 197 став 1, како и за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ според член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Дополнително, пријава е поднесена и против 49-годишен маж од струмичко село, поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ според член 197 став 1.

Според информациите, втората малолетна ќерка од март 2024 година, исто така со дозвола од родителите, живеела во вонбрачна заедница со пријавениот 49-годишник.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK