Фудбалерите на Елче остварија победа над Атлетико Мадрид со 3:2 (2:2) во натпреварот од 33-то коло од шпанската Ла Лига. Атлетико и на овој натпревар игрше со комбиниран тим, со двајца јуниор во стартната постава и беа класичен напаѓач, бидејќи Александер Серлот е повреден, а Хулијан Алварез доби одмотр од својот тренер.
Елче славеше најмногу благодарение на киксот на Јан Облак во 18-та минута и директниот црвен картон доделен на Тијаго Алмада во 30-та минута.
Пред тоа, Атлетико поведе со голот на Нико Гонзалез во 10-та минута, а Афенгрубер израмни осум минути пидцна, по грешката на Облај, кој прв пат бранеше по 10 март.
По исклучувањето беше досуден пенал, кој Андре Силва го претвори во пресврт, но во следниот напад, Гонзалез со вистинска мајсторија изедначи на 2:2.
Предноста од играч повеќе дојде до израз во 75-та минута кога Афенгрубер го проигра Андре Силва, а тој постигна гол за триумф што може да значи опстанок на Елче.
Тие моментално имаат 35 бода на 15-то место, пред Рајо Ваљекано, Севиља и Алавес.
Атлетико останува четврти со 57 бода, но без преголема опасност да биде загрозен со место во Лигата на шампионите следната сезона.
Инаку, поразот од Елче беше четврти во низа за Атлетико во Ла Лига, нешто што никогаш не се случило во ерата на Диего Симеоне, кој во клубот е од декември 2011 година.
Атлетико на последните осум наторевари има два победи, над Тотенхем дома и Барселона на „Ноу Камп“ во Лигата на шампионите.
Foto/ EPA
The post (Видео) Елче освои важни бодови – Ги искористи киксот на Облак и глупоста на Алмада appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
