април 23, 2026

Австријката Стефани Вениер (31) ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи.

Вениер во целта влезе со резултат 1:20.47 минути, десет стотинки пред искусната Италијанка Федерика Брињоне (34), водечката скијачка во Светскиот куп, додека бронзени медали освоија Норвежанката Кајса Викхоф Ли (26) и Американката Лорен Макуга (22), со по 24 стотинки заостанување.

За Вениер, која во кариерата оствари три победи во Светскиот куп (две во спуст, една во супер-џи), ова е втор медал од светските првенства, откако пред шест години го освои среброто во спустот во Сент Мориц.

Брињоне, која во текот на целата своја кариера беше позната како специјалист за велеслалом, во оваа дисциплина освои два светски сребра и една бронза на Зимските олимписки игри. Ова е прв медал во брзинските дисциплини во кариерата.

Лај го одбрани бронзениот медал освоен пред две години во Мерибел. Интересно и тогаш ја „подели“ бронзата, со Австријката Корнелија Хутер, а овојпат со младата Американка Макуга, за која ова беше деби настап на големите натпреварување.

Машкиот супер-џи ќе се одржи во петок во Залбах.

Share

The post Вениер го освои првото злато на СП во алпско скијање appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK