Товарен брод утринава се насука во Суецкиот канал, што повторно го отежна поморскиот транспорт.
Бродот „MV Glory“ што плови под знамето на Маршалските Острови, е заглавен во областа на градот Кантара во провинцијата Исмаилија. Во тек се обиди за придвижување на бродот со реморкери, објави бродската агенција Leth Agencies.
Според Генералниот координативен центар во Истанбул, на бродот се наѓаат 65 илјади метрички тони пченка од Украина со крајна дестинација Кина.
Сателитските податоци анализирани од американски медиуми покажаа дека бродот е заглавен во Суецкиот канал јужно од Порт Саид
Следете не, не има насекаде