Две лица се хоспитализирани при жестока пресметка меѓу поголема група навивачи на италијанските фудбалски прволигаши Рома и Наполи во неделата на автопатот А1, јавија локалните медиуми.
Според истите извори, хоспитализираните се навивачи на Рома, од кои едниот бил ранет со нож.
Пресметката се случила на истата бензинска станица на виталниот автопат А1 каде полицијата во 2017 година случајно го застрела навивачот на Лацио и диџеј Габриеле Сандри обидувајќи се да спречи пресметка меѓу навивачи на Лацио и Јувентус.
Полицијата соопшти дека во вчерашните судири учествувале околу 300 навивачи на Наполи и Рома.
Навивачите на Наполи од заседа ги пресретнале навивачите на Рома, а во општиот хаос кој настанал двете навивачки групи фрлале камења и чадни бомби едни кон други.
Полициската интервенција предизвика голем застој на автопатот кој го поврзува северот на Италија со Неапол и колони возила во должина од 15 километри.
Следете не, не има насекаде