Затворениците во Македонија ќе бидат здравствено осигурани веднаш штом стапнат во затворскиот систем
Благодарение на тоа што досега пријавувањето за здравствено осигурување одземаше 1 месец, поради административни процедури, се калемеа големи долгови што мораше да ги плаќа Управата за извршување санкции.
Како установа плаќаме за здравствено осигурување за секое лице кое издржува затворска казна, но во системот евиденцијата доцни 1 месец и не се евидентира во истиот момент. Затоа, доколку во тој еден месец лицата имаат потреба од болничка интервенција, операција, преглед, во болниците се евидентирани како лица без здравствено осигурување и ние како установа сме должни да ја плаќаме целосната сума како за неосигурано лице, наместо само партиципација. Но, денеска ќе има состанок и ќе се договори од страна на директорот на Фондот за здравство и директорот на Управата за извршување на санции, како ова да се надмине и лицата што издржуваат казна затвор да имаат осигурување веднаш. Значи, во системот на ФЗОМ веднаш ќе биде евидентирано лицето и ќе се намалат трошоците, вели за „Слободен печат“ директорот на КПУ „Идризово“ Зоран Јовановски.

